Цената на првата палета од лево беше 130 ден, таа во средина ако не се лажам беше 140, а таа од десно 130. Убави се и пигментирани, за таа цена сум задоволна. Крајните се мат, а средната е покремаста по текстура. Палетата за контурирање е 300 ден. Извини, само да редактирам - купени се од локална дрогерија.
DoDo Girl Professional Makeup... Прв пат купувам од оваа фирма. Палетата се вика Absolutely MATTE Eyeshadow.
Се извинувам, мојата не била Optic туку оваа подолу во спојлер, но и на оваа го пишува тоа one shade whiter in one week и затоа се збунив Како и да е, јас и од оваа сум многу задоволна и ја купив од ДМ. Spoiler
Ако не се лажам, дрогеријата се вика Биофарм, во Велес. Лоцирана е во близина на трговскиот центар. Да, има голем избор на палети, со различни бои. Јас барав конкретно вакви нијанси.