Не сум во Мк Од Цирих се купени,намалени беа од 79 на 25 франци(1500 ден) Убави се ама не се баш удобни.Еко кожа е материјалот и е доста крут,денес ги носев и позади ми направија рани.
Не е еко кожа. Кожа е, ама така им е обработката. Види на декларацијата. Истите ги имам. Освен ако не се сосема различни, ама исти ми изгледаат ко моите.
Гледаш внатре?Нема знакче за кожа:/.Ја фрлив негде декларацијата,ама сигурна сум дека не се кожни.Помеки се кожните,и порапава текстура имаат,ги фаќав и нив.Како си задоволна од кожните,со оглед на тоа дека гумата на старките скоро секогаш напукнува?
^^ Можно е и да се еко кожа, па и со оглед на цената, ништо чудно. Јас имам едни од нив еко кожа, ств. мн непријатни за носење кај петите позади, баш рани бев. Ама, им го најдов чарето со дебели чорапи и дување со фен позади. А, кожни ги имам црните, нема покомотна патика. Со гумата проблемот јас секогаш го решавам по следниов редослед: убаво чистење на патиките, сушење на собна температура и квалитетно лепило за гума на чечкалица нанесено, па отпосле внимателно на патиката. Се извинувам што се вмешав.
Аааа да... Моиве сега видов, исти се, само внатре сиви се. Инаку и мене ми прават рани позади, ама се надевам ќе се оправат, а вака ок се, ама за лето нема да се баш баш пријатни. И моите беа 1500 денари инаку, ама јас носам детски број. Гумата со гума за молив и со паста за заби ја чистам. Не ми се одамна, не ги имам многу тестирано.
https://www.facebook.com/GizziaShoes/ Јас преку страната на фб ја порачав не сум од Ск. Може да ги прашаш кај се наоѓаат.