Од каде обетките комплет што се? И првите две блузички? Прекрасни се. П.С. воедно ја користам приликава да и се обратам на членката која што ми побара линк за обетките во форма на цреша.Извини но ја избришав апликацијата и поради тоа неможам да најдам линк.
Од каде е комплетот животинско царство? ..зс дечиња...што има внатре? Форми да се лепат на јајце или?
Нема врска дека е непотребен. Одличен е. Јас имам електрична цедалка на Горење. Претходно имав други, маста им ја извадив. Рачно никогаш не можеш да го исцедиш портокалот како што може електричнава цедалка. Практична е, барем мене ми е, оти постојано цедиме портокали и лимони.
По долго размислување дали треба да се купи или не, сепак најпреценето и може и до толку непотребно е Нутрибулетот. Цедалката ја земавме и ние. А го имаме и делимано сецкото. 10 вртежи со рака и стискање не е исто со чудово. И јас му давам зелено светло.
Во секој случај јас цедам на обична цедалка па ништо не останува туку само кората, не гледам разлика што плус би испаднало од неа ако кориСтам електрична наместо рачна А додека како што прави смути нутрибулетот не би можела рачно така да го направам. Соковник не е замена во никој случај бидејќи фрла многу ѓубре и за друга намена е, а ова и кора може да ја здроби до најситни делчиња. Со друг апарат не би можела да го постигнам тоа.
Пробај еднаш, ќе ја видиш разликата. А за нутрито има други поевтини, а подобри суплементи. Нутрито има свои граници, пишува дека не смее било што да се става. За тие пари очекувам камења да смеле, така да делиманото е супер алтернатива.
Јас имам електрична цедалка на Филипс. Имаше далеку поскапи и поубави на изглед, ама во тоа време барав цедалка која има левели на цедење за да не ми вади само бистар сок, туку и густ, каков што впрочем и сакав. Оваа на Филипс иако на изглед многу по-обична тоа време, само таа имаше таква опција и воопшто не зажалив. Дури и сега кај маж, си ја купивме истата, задоволна бев и не погледнав ниедна друга. Буквално цел портокал го пиеш. Он топик
Нутрибулетот си вреди за сите пари и не знам зошто не го купив порано. Не е преценет, лесен за чистење и е ок цената. Соковникот прави ѓубре и тешко се чисти.