Па и нема некоја разлика кога боите се во прашање. Извини за лошиот квалитет на сликата, новиот телефон ми е на поправка, а на стариов слаба е камерата.
Ги купив додека бев на патување во странство. За жал во МК може да се најдат само копии на Urban Decay. Најблиску можеш да ги најдеш во Грција, мислам дека ги има во Sephora.
Порано ги нарачував од Англија https://www.lookfantastic.com/brands/urban-decay/palettes.list , ама веќе одамна таа марка не ја доставуваат во МК. Со сличен квалитет се палетите на Anastasia Beverly Hills. Истите ги доставуваат во МК, но ако се одлучиш да нарачаш дополнително ќе треба да платиш ДДВ + евентуално царина.