Од ДМ, 300 денари е, 60 мл. Одамна не сум се фарбала сама, за долга коса под рамена доволна е фарбава или треба уште една?
Мислам уште една да си земеш. Стави една и пол прво, види дали ќе стигне, ако не, ќе ја замешаш и втората половина. Сепак зависи од густината на косата. Мене ми е над раменици и густа, со една и пол мачкам цела коса.
Значи ептен се заебав, мене фризерката ме фарба со нејзина фарба за 800 денари, заедно со гратис шишање дека сум редовна. Вака да купам уште една ќе ме фати 600 вкупно и плус да платам за фарбање пошто не знам сама, а можев да нарачам од каталог од кај неа ваква нијанса и со 800 да поминам. Гласно размислувам
Прашај колку е да те фарба со твоја фарба и да те ишиша, можеби 200 ќе рече и така пак 800 ќе те фати
400 ќе ме кошта, прашав сега. И плус уште една фарба 300 и оваа сега, 1000 денари вкупно. 200 денари минус. Нема врска, ако излезам ок ич не жалам
Вака сега, послушај ме. Речи и' да не ги шлапнува двете ако нема потреба, со една и пол нека те намачка. Така 850 вкупно ќе те чини (300+150+400) и зијан ќе си малку, само 50 ќе платиш плус од вообичаено. Така и следниот месец само една ќе земеш бидејќи имаш веќе половина и вториот пат ќе те чини 700 (300+400). Вака во два месеци и поевтино ќе те фати, вкупно 1550, за разлика од вообичаено што плаќаш 1600 за двапати средување. Си мислеше си се зезнала, но ќе заштедиш 50 денари, ај ти