Како си задоволна од шампонот?Го меркам подолго време ама имам ретка фарбана коса па некако не ми се ризикува така да го купам
Откако го пробав пред година дена, го немам сменето. И јас имам ретка и фарбана (плава) коса, прилично долга. Дава неверојатен сјај, косата ја прави премека и лесна за обликување, а бојата ми е пожива и посветла. Мириса нежно и ненападно, многу убаво. Иако не е стриктно за фарбана коса, многу ми е поубава и пожива бојата со него, а и воопшто косата. Приметувам голема разлика откако го користам. Вреди за парите дефинитивно