Докторсот го користам за тело, бидејќи пишува дека е добар за крвотокот. Има јак мирис на рузмарин, тоа ми се допаѓа. Тој од козјо млеко го користам за лице, бидејќи во последно време имам малку проблематична кожа па пробувам тоа да го решам. Два пати го користев до сега, и искрено убаво се покажува, се будев секој ден со нова акна, но сега не. Исто така има неутрален мирис, и не прави сапуница. Тоа го прави еден од најидеалните сапуни за сензитивна кожа на лице.
Не знам за ДМ, но најверојатно ги има, иако јас во Веро ги земав. Јас од тој во Џамбо ги купив. Но, ако не си од Скопје мислам дека ќе ги најдеш во било кој поголем маркет. Не се сеќавам колку точно се, но не се повеќе од 120 денари, тоа сигурно.