Извинете што тука ќе ве цитирам,но одамна сакам да ја пробам кремава но дилемата ми е во делот дали на нас европските жени ќе ни одговара на нашиот тип кожа?! Сепак јапонките се со поинаков тип и тен,немаат толку брчки,мазно лице имаат....ако е тестирана на нив и им е погодена,шо знам дали и на нас ќе ни пасува.Еве кој ја пробал и е задоволен нека пише и за кој тип на кожа е
Јас го имам хилауронскиот серум и кремата. За сува кожа не би рекла дека се погодни, јас имам нормална и ми се добри. Ми се допаѓа што кремата има геласта структура која хидрира, но не масти. Супер ми стои под пудра, нема парфем. Серумот ми е топ, иако доста читам дека не приметувале посебен ефект од него. Сепак, неговата намена е длабока хидратација и на некој начин да ја заклучи влажноста на кожата во подлабоките слоеви. Забележав дека кожата ми е поеластична и хидрирана без да чувствувам тежина и маснотија на нејзината површина. Немам некој несакан ефект од типот да ме исфрла, црвенило и сл.
Добар е, подобар е од лосионот. Јас ги имам и двете, подобар е кремот. Имам комбинирана кожа, која сега во зима ми се потсушува, во лето ми се масти повеќе. Она што е битно, да се става лосионот на влажно лице, и да се "затвори" со кремот одозгора. Така ќе има најдобар ефект. И да го користиш само кремот, не е грешка. На влажно лице сите креми и масла се поефективни. Назад на темата