Испробано. Првиот пат го користев широкиот додадок и беше катастрофално. Ми направи хематоми. Уште сум модра. За вадење искрено црнките не ги вади. Денес пробав со тој додатокот како за дермоабразија што е. За таа намена е добро апаратчето, убаво ми ги отстрани мртвите клетки.
Од Зегин на попуст 760 денари (до 08.01 мислам беше попустот). Прв пат ја купувам и ми се допаѓа како одговара на сува кожа.
Дали го користеше правилно? Миеш лице со топла вода, потоа нанесуваш некое масло или хидратантна крема и чекаш малку да впие. Потоа се поминуваш со ова за да може да лизга по кожата и да не ти ја оштетува, а да чисти.