Кремот и тоникот на Конопка добри се, реулираат себум? Им се спремам да и нарачам а и по форумов гледам доста имаат нарачано.
Тој гелот за лице на Cien, е за мрсна или сува кожа. Го гледав во лидл и не можев да разберам а сакам да си купам.
Првпат ги купувам, синоќа почнав да ги користам. Ок ми се, не приметив дека лицето ми е масно сабајле кога станав, а се имаат пожалено дека кремот им го масти побрзо. Ќе споделам искуство после некое време, ама мојава кожа е комбинирана, сува кон нормална и со масна т зона која што не е толку масна како стареам. Чувството на лицето е свежо после тоникот, и кремот не е лош вака на прво.
Јас само што ја завршив кремата, од тоникот имам уште и мене исто ми прија колку што ја користев. Особено наутро приметив дека лицето не ми се мастеше. Плус од мене има и прекрасниот и освежителен мирис, како и тоа дека бргу се впива и не остава лепливо чувство на лицето. Хидратантна е, но не тешка.