Кога ќе почнеш со употреба на мицеларната, пиши искуство. Моето е никакво, печат очи, остава леплив филм на кожата, а воедно ја иритира и неа. Очекував повеќе. Пред тоа користев на авон, па нивеа, неспоредливо подобри.
Мене ми е ова втор пат да ја земам. Јас сум задоволна. Одлично ја вади шминката и не ми ја иритира кожата. Особено осетлив ми е делот околу очи, сум пробала и со Гарниер и со Нивеа до сега, ама од Оливал сум најзадоволна. Убав мирис има и не ми е воопшто леплива. А и имам навика после тоа да го измијам лицето со вода, па да флитнам активен кислород.
Изгледа до мене е, можда иритацијата ми е алергиска реакција на мирисот, зошто буквално чувството ми е како да ме гори, по миење на лицето престанува.
Зошто не пробаш со масло или балм за лице? Јас од кога престанав со мицерална кожата ми е многу поубава, особено црвенилото и чешањето ми се снема.
Дали веќе ја имаш пробано, прашањето ми е дали оксидира, односно дали малку ја менува нијансата откако ќе се нанесе? Од претходни искуства со минерални пудри (кои ги преферирам зошто не ги затвараат порите) секогаш сум морала да одберам една нијанса посветла?