Spoiler Сосема неповрзано... @Sexybaby86 , ми се чини ти прашуваше во темава за St. Tropez ракавицата за нанесување на креми/лосиони за самопотемнување. Ја имам и најискрено, ја употребив еднаш, ја исправ и ја спакував уредно во фиока. Материјалот е многу пријатен, сунѓерест, се пере дури и во машина на 30°, значи лесна за оддржување, но не ми се допадна што впива многу од кремата и реално повеќе продукт останува во неа, отколку што се размачкува на кожата. Поедноставно и поекономично е нанесување со рака, на ексфолирана кожа и потоа веднаш на миење раце. Го користам NKD SKN лосионот.