Малку надвор од темата,имам нарачувано многу работи од Али експрес и седиште нарачувам. Овие последните ги нема подолго време, демек заради вирусот стопирани биле сите пратки?
Јас имав нарачка, нарачано јануари, ми стигна минатата недела. Малку каснеше но стигна. Би требало и во Мк да е истото. Инаку сијаличките што ги нарачав за огледалото, предобри се. Ептен ми вршат работа за шминкање, поготово кога е вечер или рано утро.
Каков прајмер користеше предходно?? Јас го користам овој долго време и сум задоволна, не е лош. Но баш би сакала да пробам друг и да направам споредба.
Користев еден прајмер ама од Србија ми го носеше братучетка ми и не сум сигурна, но мислам дека беше на Радиант(целото шишенце беше црно, не проѕирно). Вака на допир ова од Ингрид ми е исто ко тоа, но дали и кожата ми е сега проблематична- не знам. Ми донесоа вчера тестери на пудри од Ревлон, Севентин и Радиант - со сите го пробав прајмерот и со сите исто ми беше, порите уште поизразени. А еве на пример од Есте Лаудер кога ставам врз крема за лице не се толку изразени порите. Затоа мислев дека е до прајмерот. Но, можеби проблемот ми е до кожата. Инаку, одамна пробав прајмер и на Макс Фактор, од тој па ич не бев задоволна. Леле вака кога ќе размислам, дефинитивно е до моево лице проблемот
Пишува на него Victory star, a на декларацијата дека е увозник Рона Тојс Визбегово. Јас го купив од Spring centre од Битола. Mоже да го најдеш по локални парфимерии или на тезгите со шминки. Инаку многу е убаво навистина остава и боја и светки.