Ехее трилиони работи имам купено од последното сликано и постирано тука. Најсвежо е ова, лично за мене или што ќе го користам јас, а во темата подарив/ќе подарам како и да беше ќе ги ставам работите што планирам да ги поклонам за 8ми март. Ете глупости си купувам. Овие ги купив за да украсам маса роденденска на братучед. Ова розевото е како маркер туш за цртање очи, јака убава црна боја, убаво исцртува и кога ќе се погледнеш во огледало финално пред да заминеш ооооп го нема. Толку. Блиц. Покрај милиони џиџиња што имам за украсување, плус ги купив и овие пошто сама сакам да си ги виткам поклоните за 8ми. И општо сама си ги виткам често. Јас слабичка, тие осамени на еден рафт, никој не ги сакал дека се малечки, а бутикот е за возрасни со барем 50 кила и само да се спасат од нив, ми ги дадоа за 100 денари. А мене ептен секси ми стојат. Наопаку сликана, ме мрзи да прпеправам, свртете го моб на лево, мн поубаво стои од што изгледа и со неа иста приказна, само ја зедов за 200 Заборавам да сликам, а навистина сакам да си сликам и да гледам што е купено, некои имам читано велат фалби биле тоа, јас и со колешките вака правиме, не го гледам негативно ни фалбаџиски него бош типични женски муабети што си купив на што ќе ми стои, за што пригода ми е и тн, ама кој сака како сака нека си мисли, дај боже да се има пари да се купува кај сите.