Не знаев дека си од Битола, ќе беше страшно да работи ова скопсково.....додуша валјда не е ок и тоа што работи ама претпоставувам барем не е во затворен мол...
Работи, сам објект е, ама и ретко ама да го пофалам народот, нема никој внатре. Јас кога влегов се осетив идиотски ептен, не беше нешто прашање на живот и смрт за да одам, ама ете тргнав и онака со срам зедов што планирав набрзина и заминав и не излегов веќе од дома. А обично во тоа џамбо не можеш да поминеш од луѓе. Сега штама. Празно.
Можеш Online да си нарачаш. Има на fashion group. Јас се намерачив на едно ранче и паричник. Банкрот ќе прогласам каде и да е. Сабајле пак ги нападнав спорт вижн и спорт М.
Оф-топик Луѓе само мене ме фаќа паника дека после карантинов облеката што ја имам купено за пролет/лето нема да ми се фаќа?
Во Битола, има еден маркет Св. Тома. Од таму, се најдов на лице место кога им донесоа и одма се разграбаа. Јас фатив колку што можам да фатам со една рака и кога ја видов сметката за неколку маски и три капки сретство за дезинфекција, срце ме стегна. Ако си од Бт таму ќе најдеш ако не разграбале се, ако не си и никаде не можеш да најдеш и така сме дома, направи си сама, најди на нет како се прави и чекор по чекор, јас пред да ги купам овие си направив 4...