Од каде ги нарачувате производиве на The ordinary, од нивната страна или од некој што ги продава тука?
Ако ти е за тука во мк Deciem мислам немаат shipping, па јас колку што знам најчесто се нарачува преку Beauty Bay. Само што периодов нарачките доцнат поради состојбава, барем кај мене е така (прв пат нарачав пред некој месец). Ама воглавно мислам дека луѓето се задоволни од доставата. Можеш да прочиташ во темата онлајн шопинг или пак да прашаш во темата за ТО.
Јас сакам да порачам од бјути беј дали ќе ми стигне ако порачам? Сто пати прашав во темата за the ordinary никој не ми одговара
Јас да ти кажам нарачав во најнезгодното можно време, во февруари. Па брзо после тоа се затворија аеродроми и граници и еве се уште ја чекам нарачката. Јас што читав искуство во нормални услови, девојкиве што нарачувале се задоволни и стигнувало најчесто за дваесетина дена до месец. Е сега ги исконтактирав за мојава нарачка и ми рекоа дека се уште е таму, ама ја очекувам кога ќе има можност да ја испратат. Би ти рекла да почекаш барем уште месецов додека се средат уште малку условите.
Епа таа е истата Deciem e всушност компанијата, а The Ordinary е линијата продукти. Ама не вршат достава за тука.
Не знаев каде да прашам, па ајде да пробам тука. Знае ли некоја дали работи продавницата на Пандора, што е на улица Македонија?