Се уфрлам знам, ама сакав само да ти кажам дека слични чорапи имам гледано на тезгите на Зелено пазарче во Скопје. Доколку си од Скопје, можеш да провериш. Цената обично им се движи околу 100 денари за три пара, освен ако не им се поскапи овие шарениве.
Секси од каде го зема Виши? И се ми се чини и твојата кожа беше сува кон комбинирана? Па кажи како ти одговара.
Од Ани фарм аптеката во Капитол, ама во секој Зегин ги има. Убаво е, флуид кремче и плус спф 25 има. Јас мислев серум е, ама нема врска, супер е. Кожата ми беше порано масна, сега комбинирана накај сува, никако да ми се оправи од пораѓај навака. Ми одговара кремчето, пишува за секаков тип на кожа дека е. Дава влажност, одма се упива, не е масно, и мириса божествено Пилингот на Uriage што го земав е за сува, супер е, ич не ја суши кожата, види го и него