Фала Бејби. Мене до сега со квалитет ми се ок, се' ми се погодило. Ќе видиме и овие дали ќе се покажат. @Divad Од Д-Спорт се.
ББ кремава ја купувам прв пат. Бев скептична малку и за нијансата, и дали ќе ми легне убаво на сувите делови од лицето. Ја пробав веднаш кога ми стигна, и првиот впечаток ми е дека е преубава. Прелесна е на лицето, не ја чувствував воопшто. Има слаба покривност, но солидно го изедначува тенот. Органски производ е, и има СПФ15. Изгледа многу природно на кожата. Има минимален сјај на сонце (веројатно поради спф) но сепак изгледа убаво. И сум си ја погодила и нијансата. Сега за сега толку, ќе видиме како ќе се покаже понатаму.
Денес прв пат ги облеков. Ништо посебно не се ама не ни очекував нешто. Колку пари толку музика. Тврди се камен жими што на око се убави. За до ваму таму ќе вршат работа, најмногу за на одмор ги земав пошто немама ниту едни ниски сандали. Следни деф ми се Ипанема. Со цена се тука негде а сите ми ги фалат како преудобни сандали а и со години дека ги носат. Овие така-така, втор пат купувам од Парфоа чевли и според предходното искуство не очекувам да ги носам повеќе од една сезона.
Да се вмешам малце во муабетов Да си земеш од Ипанема дефинитивно, јас само од нив купувам и сум презадоволна.. Како од квалитет, така и од удобност
Фала http://www.obucametro.rs/sandale-ravne/33261-n70637 јас ги земав од Београд, метро има и во Лесковац мислам поблиску до Мк