Бев викендов малце да се подновам и си земав: еден пар фармерки една блузичка една наметка на врзување две ременчиња и ташна Пусто женско, никогаш доста
Си купив шољички за кафе,салонки,јадење и мевце на попуст ( и јас како Љубам си се радувам,дека се насмеавте за неа,ама така е,радост е ова )
Си купив пенкалца у боја,ливчиња за обележување или како и да се викаат,и скроз детска,срцкаста,розева,светкава папка. И готово сеа сум скроз опремено учениче,спремно за предавања После си купив панталони светли розево-кремасто-пудрести...мммм да,тие се. Скооорз шарена кошулка,бела со кремасти,светло плави и црвени шарички. Светло плав лак. Чичково,бадево и ореово масло за коса.И ги купив сите три пошто заборавив кое не е за плава коса. Иии...Нескафе со вкус на ванила и свеќа со мирис на ванила.Цела сум ванилосана сеа.
6 лакови за нокти,два сјаеви,два парфеми...сега козметика наредниот викенд облека _________________________ I added cool smileys to this message... if you don't see them go to: http://s.exps.me
Ајде и тука да се пофалам Си купив маичка,пудра,руменило,маскара,туш за очи,бадемово масло,бебешка пудра и 2 лакчиња.Доста е за денес
Мал шопинг никому не му штети. -ланче какво барам којзнае колку време -висечки обетки од темен металик -3 прстени -крем ниски чизмички до глужд -црни сандали -брош и ситни обетки за мајками -голема преубава рамка, марама со 3 дезени во едно, честитка, украсна кеса - за мајками за 8ми март -голем дрвен чадор кој ми е нарачан од поодамна, украсна хартија и честитка- за баба за 8ми март