Одамна сакам да си нарачам некоја книга од book depository. Знам дека нудат бесплатна достава низ цел свет, ама сакав да те прашам дали случајно ти наплатија нешто кај нас на царина? Искрено страв ми е од оние приказни со АСОС и ДХЛ што ги читам и поради тоа не сум се ни осмелила да нарачам нешто.
Шипингот е free за сите производи, а книгава беше помалце од 6 евра и не ми наплатија царина. Поштарот ми ја донесе дома. Чекав 28 денови вкупно, иако на сајтот пишува од 7 до 10 работни денови.