Јас ги имам повеќето нијанси од линијава и никогаш не сум била позадоволна од некој друг продукт за усни. Еднаш нанесуваш и не мрда се додека не го избришеш ти. И дури кога го бришеш малце потешко иде. Едит: Јас ги имам земено од друга држава, не знам дали се со ист квалитет и тука.
370 се на попуст у Космо до крај на месецов. Имам од претходно вакви, омилени кармини ми се, многу се трајни, преубави се боите и не ја сушат устата плус. И да, многу тешко се бришат.
Само да се надоврзам за бришењето,со памукче и маслото од балеа со едно поминување се се вади,инаку јас ги користам посветлите нијанси,супер се,ги заменив со тие од голден роуз.
Многу се разочарав од бутик Арсенал,кратките панталончиња нарачани во сива боја,стигнаа сини,хеланките нарачани С број, стигнаа со пресечена етикета и ми изгледаат за Л...и Ленти истото почнаа да го прават
Зиаја имаат од 20-40% попуст, а биодерма акцијата ја начекав во аптека Бисер во Бисер ако некој ја бара.