Видов и @Kimberly11 прашала, ама еве и јас сакам да знам од каде е . Морам да го имам ова, болна ќе паднам инаку .
Преубаво е. Многу сакам и јас ама никогаш не ме носи пат накај Струмица за жал Обавезно да те видиме во ова.
Не се како фломастери, но добри се. Се острат лесно. Не е класично круто дрво што се дроби при острење, туку е меко. Задоволна сум.
Леле и јас истава ја користам, но претерале Анабела со цените. Од Грција или било каде во ЕУ ја земам околу 30€, на попуст некогаш ја имам начекано и за 16-17€.
Па во Мк царина се плаќа за увоз бе луѓе. Не сме Еу. Анабела освен набавна цена платиле плус царина за тој производ , за да го донесат тука, и сакате да го продаваат за иста цена како Грција која не платила царина за тој производ? Доста се прават споредби со Еу, кога ќе бидеме во Еу и кога ќе бидеме ослободени од царина,такви ќе ни бидат цените -исти како во останатите европски земји.
Анабела како си ги качуваат цените свака им част. Прашувам за парфем на фб кажуваат една цена,одам да го купам друга. Нови цени имале. И тоа солидно покачување .
Царината за еден производ е многу мала,така да одредени производи може да се нарачаат и онлајн каде што нема царина. Плус Анабела и Космо се на ист газда така да поисплатливо е да се купи од сајтови отколку од одредени дрогерии бидејќи вкупната царина на сите производи ја става во една цена за еден производ и процентот од заработувачката. Финтата е што се вадат на таа карта, а всушност за еден производ да платиш царина вредноста е многу мала. Царината ја сноси,по правило купецот но не и купувачот во продавница,така да за македонски стандард цената е превисока.