Мислам дека беше 92 денари, барем така здогледав на фискалната, во маркетот не ни погледнав, само го грабнав
Палтото 2000 е, комплет сукњата е 1100 а црната 1200 ама имаат акција два плаќаш а третиот најефтин производ е гратис, во случајот црно-белата сукња.
Јас убаво искуство со кафињата имав, овие ми фатија око како љубител на чоко-минт комбинација, па ако се густи да си нарачам.
Чоко минт преубаво. Убав вкус на ментол има. Баунти не ми се допаѓа. Инаку редовно зимам капсули од 7гр еспресо. Во главно ми се погодуваат на вкус. Особено Кортадото, кукис капучиното и еспресото со арома на црно и бело чоколадо им се преубави. И поисплатливи ми се од оригиналните капсули за долче густо.