Во 5 дена како го имаме, 3 пати веќе чистеше Одличен е, темелно чисти, особено паркет, плочки и други тврди површини, а многу добро чисти и кошиња, се пика сегде да усиса ако нема блокади. Има двоен систем на смукање/џогирање што за мене беше одлучувачки кога го биравме.
Колку го зема? Колку му е редовната цена? Мене најмногу ме нервира баш тоа, паркет и плочки, секој ден да усисуваш секогаш има прашинка или се собира се покрај ивиците на зидовите. Уште па ако има подно греење како уште повеќе да привлекува топлината нечистотоја. Најмногу заради тоа би земала вакво нешто.
Јас го купив 374€, што мислам дека е одлична цена со оглед на тоа што е еден од најновите/најнапредни модели на роботи-усисивачи. Го нарачав на интернет, доставата ваму кај што живеам (не сум во МК) беше бесплатна. Редовната цена во продавнициве кај мене му е околу 480-500€. Кога го добивме одма го пуштивме да го измапира просторот и да усиса, и покрај тоа што дента имав веќе усисано, успеа да собере еден куп прашина и ситни ѓубренца што јас не сум успеала претходно да ги соберам со усисивач. За мене лично е една од најдобрите инвестиции годинава