„Удрив“ периодов на купување креми за раце, зошто многу ми се крш а морам да најдам соодветна замена за Мелем-от на Нева, зошто приметувам дека се потешко го наоѓам. Венчето го купив зошто ептен му е лабава пластиката (ако воопшто е пластика) а мене страшно ми смета кога нешто ме притиска зад уши (вечен проблем со венчиња, уште од дете), само штета што немаше во црна боја, уште се чудам каде ќе одам со ова тигрестово...Ама кога ќе ишишаш шишки (и инстантно ќе зажалиш отпосле), ќе носиш и тигрести чуда на глава за да камуфлираш штета... Close-up од шноличките (и цената ) зошто се ептен најубави и најсветкави Исто купени за да оправаат ситуација со несреќно ишишани шишки
Може ли да ми кажеш од која продавница на Pandora се купени? Ја барав чашата на веб страната на Pandora, но не е достапна...