За чоколадо ќе ти одговори Sindell, а јас да ти пишам само дека Kallos Caviar е предобра маска, ако планираш да купуваш
Јас досега ги имам пробано таа со кавијар и таа со креатин и сум презадоволна и од двете. Моментално таа со кавијар ми е при крај па ме чека таа со чоколадо. Сум намислила сите да ги пробам. Таа со чоколадо преубаво мириса. Косата лесно ми се засчешлува и убаво ми мириса така што маскава (фирмата) не ја менувам за ништо. Да не спомнувам дека и цената им е доста пристапна и често се на попуст во ДМ.
Добра е маската, мека е косата и лесно се чешла, само што се разочарав за мирисот мислев дека ќе ми мириса косата на чоколадо
Мене ми е најдобра кератин. Читав дека таа е најмногу фалена и таа ја земав. Последно ја користев од кокос и таа не е баш нешто најдобра ама на попуст ја земав за 160 денари па е океј онака после секое миење да ја ставаш. Ама не очекувај од ниедна не знам каква нега. Само полесно се расчешлува и е помазна. Ама за нега не се добри.