Жолтата е од банана, ја имам видено на слика дека постои но како што спомнав претходно, не знам дали воопшто се уште се произведува. Ќе прикачам сликичка. Сега кога ја барав испадна дека има многу различни маски од фирмава, кај нас тие 4 (кавијар, креатин, чоколадо и мултивитаминска (за последнава не сум сигурна, не ме фаќај за збор)) што ги имам видено во ДМ и толку.
Оваа ја немам видено никаде а Пошто работев во ДМ, да таму ги има само тие 4ри кои ти ги наведе и плус кокос мислам, а во Веро ги има плус со Млеко и Боровница, со Млеко ја немам користено, ама вторава е топ
Бутик Ленти 5евра сега на попуст е. Иначе ова мм ми земал, сега после породување да си имам нови блузи
165 се на попуст во дм. А на секои две недели е различна така да секако се исплати повеќе од дм да се земе.
*кератин. Креатин е сосема друго. Мултивитаминската ја има во дм со сигурност затоа што колешка само неа ја користи а мирисот и е најнајпрекрасен. Инаку постојат и од алое, арган, свила, алги, ванила, омега, цреши, колор, биотин ама ништо од тоа нема во мк.
Добро е што си ме исправила, не ни приметив дека сум направила таква грешка. Баш ги гледав на интернет овие останатите што ги нема кај нас и искрено многу ми е криво. Навистина е доста квалитетна фирма. Ќе ја планирам и мултивитаминската покрај онаа од боровница. Фала ти!
Каризи ми е најнајнај кога станува збор за трилери. Автор без конкуренција, мајстор на заплеткани мистерии. Кој не го читал, а сака трилери, навистина го препорачувам, нема подобар од него Ни Першон, ни Фицек, ни Гарднер, ни Баркли не му се приближуваат. Евентуално Нојхаус. Од Несбе само една имам читано така да за него не можам да коментирам. Муабетот ми е- Каризи е закон!