Таман ги спомнав вчера и попладнето дојдоа. Штета црвениот фустан најверојатно ќе иде назад. Прекраток е, јас сум 170цм и на мене изгледа ко да имам облечено некоја подолга кошула а не фустан. Стварно штета пошто одамна го меркав и многу му се радував и имав замислено како ќе го носам ама тоа е. Не ми е прв пат вака да се зезнам со кратки фустани од Зара, деф не се за мојата висина. Од друга страна розевиот е совршен, материјалот делува многу луксузно и знам дека ќе го изнаносам. Баш се разочарав за црвенииот пошто го имав ставенп на wish list уште го искочи. Повеќе среќа следечи пут.
Три пара панталони 999 ден. во mymoda, третиот беа тегет ама купени беа за сестра ми и одма и ги дадов.
Материјалот е жоржет ако не се лажам. Одговараат за бројот, вообичаено носам 36 и овие ми се точни. Имаат и ликра. Ако не сакаш да ти бидат припиени оди со број поголем.
Многу малку 36ки имаше. Јас отидов во црни, немаше. Ако си од Скопје после камени мост се појди да си ги видиш боите и таман ќе си пробаш.
Си реков кога ќе го најдам дуксерчето пак во продажба одма го купувам, го чекам неколку месеци да го најдам и ете среќа се најде
Phonak Audeo Paradise Конечно си најдов новчаниче по мерак за мини ташнички И за крај, ептен ми се бендисаа.