Има различни, златни, сребрени, бели со црни детали, но скроз бели мислам дека не, ама можеш да провериш, може да сум грешка.. инаку овие се 299 ден.
Sorry Ама преубава е. Обожавам комбинација на розево со златно. Во Македонија живееш? Достапна е и зара хоме кај нас? Инаку на втората слика, што е тоа, баш ме заинтересира.
Како беа спакувани постерите од Али, дали ти стигнаа не оштетени и за колку време? Одамна се мислам да нарачам ама страв ми е да не стигнат изгужвани
Во пластичен цилиндар, како фишек замотани баш како на фотографијата си нарачав и други чекам да ми стасаат затоа што сум презадоволна од квалитетот и како се спакувани
@simoncelicius Не сум во Мк, не знам дали има Zara Home, би требало. Да провериш на апликацијата најдобро, дали ја има како категорија, или на зара.мк. Инаку навистина, во живо е уште поубава, и со букет плус. За втората слика: Spoiler Втората слика се "фишеци" (јас така ги викам) за чистење на ушите. Се ставаат на влезот на увото, се пали горниот дел и наводно ги влече сите прљавштини од увото. Мене ми се затнуваат ушите од време на време, и во Мк уште матичната ми предложи да ги пробам, ги купив од аптека кај нас. Ги користев два пати до сега, и мислам ми извлекоа од ушите што требаше (и што памукчиња за уши не можат да достигнат). Најдобро од се е што ме опуштаат и го немам тој притисок во главата по користење. Овие шарениве, секој пар е со различен мирис, лаванда, ванила, овошни, што не. Ги купив од Bol.com. Имаше убави рецензии дека помагаат при главоболка, мигрени, притисок во главата и слично. Сепак, треба да се внимава додека се користат. Доколку некој сака да ги користи најдобро во аптека да ви објаснат како се користат правилно.