Не сум во Мк. А не беа намалени, туку поедноставно ми е да си правам голема нарачка, и сакав да пробам различни видови.
Од омилени позиви на телефон, коа ми се јавуваат од пошта да ми кажат дека имаат пратка за мене. Многу пријатно изненадена и од фустанчето и од штиклите иако со коронава не знам кај би ги носела. Делуваат многу луксузно особено кожниот дел, за удобност не знам до сега ниту едни чевли од Зара не ми биле удобни па макар и штикла од 3 сантима имале. Фустанчето исто е пријатно, кратко е ама планирам во спортска варијанта за шетање до парк натака навака да го носам така да не ми смета толку должината. Дали вреди за парите, не- преценето е.
Со здравје се да си користиш. Кога ќе го пробаш коректорот , ќе чекам мислење. Успеа ли да си ја погодиш нијансата? Мене поради тоа ми е страв да порачам , да не утнам
Јас барав на нет подетален преглед на нијансите,па се водев спрема неутрален/жолт подтон. Е сега дали ја погодив ќе видиме. Тебе не треба да ти е проблем тоа,имаш бело лице . Инаку фала ти.
Штиклава лу-ди-ло!!! Како се со бројчиња, дали се true to size? Рака на срце, сѐ што си постирала до сега многу ми се допаѓа
Салонки вообичаено носам број 37. Зара и Манго штикли обавезно зимам 38 особено ако се шпиц. Многу поудобни ми се 38ците иако како број и 37 ми е точна. Моја препорака е еден број поголеми за да ти бидат поудобни за носење.