Зелениот и тој од нане ми беа фаворити од претходните, ни сама не знам колку паковања имам купено од тие. Од сликата погоре досега ги пробав тој со слива и цимет и оној со лимон и ѓумбир, воопшто не ме разочараа. Видов позади во составот дека има и други состојки како црн бибер, корен од ликорица, јаболко, капина итн. што е навистина супер. Доста интензивни се и на мирис и вкус, така да нема утка.
Не ми е отворен уште Чекам уште малку да го дотрошам тој од True alchemy, па да почнам со овој, ќе пишам во темата за серуми. @anastasijaki Имаше тестери јас кога порачав, мене 4 ми следуваа.
Во Космо ја има , ја купив денес од Космо-Зебра 525 денари Не знам за попустот, порано денес ја купив, можеби после тоа ја намалиле.
Ме збуни зашто до скоро време серумот го немаше кога прашував дури ми рекоа дека нема да го добијат повеќе.