@anastasijaki те разбирам потполно, мене ми се има случено со други страни така да порачам за масна кожа, а да ми пратат за сува.. ти пробај го може па иако е за масна кожа да ти одговара а ако не можрш да миење на четки да го искористиш..
Не приметив дека се две,прекрасни се и двете,ако може да добијам линк за тоа од инста,претпоставувам другото не може онлајн да се нарача
Јас сум досадна со прашањава ама многу убави работи споделувате Од каде е плетенава вазна? И цвеќето? @Hortenzija јас не би ти го препорачала без разлика колку е делотворно бидејќи има формалдехид во составот ако не се лажам, кој е канцероген Истиот проблем и јас го имав, природно ми беа такви ноктите. Го решив можам да кажам трајно на природен начин. Една лажица маслиново масло, само малку стопли го, значи не да го прегрееш бидејќи така се распаѓа само малку млако, и додади три четири капки сок од лимон. Претури си во некое позгодно кутивче или капалка (мене оние од капки за очи/нос ми вршат работа) и ставај барем 5, 6 дена по ред, колку можеш кога можеш, јас ставав по два пати дневно. Капнуваш и масираш само, јас си ставав и на кутикули ( ако не ти се оштетени заради лимонот нели). И после 4 дена видов разлика. Од тогаш до сега можеби има две години, никогаш не ми се вратија на старо ноктите а го имам повторено ова за две години дали три пати. А јас имам навика да се налакирам и одма да го копам лакот, со што сама си ги оштетувам ноктите. Не губиш ништо пробај барем е природно.