може да ми кажеш каков е моделот на тренерките? комфорт,потесен..? Дали ако носис величина М,би одговарале или подобро помало бројче S?
Јас земав Л за да ми се ултра широки јер тренерка сакам да ми е комотна башка за по дома ги земав да ги лабавам. Вообичаено носам с/м облека во зависност од тоа дали сакам нештото да ми стои оверсајаз или да ми е уз тело. Ако нејќеш голема отстапка земи го бројот што вообичаено го носиш. Имај во предвид дека се плетени и се шират, не се од крут памучен материјал како класичните спортски тренерки.
Од каде четчето со ЛОЛ и колку го зема? Збесната е ќерка ми по нив, секој ден без една кукла не се враќаме дома.
Mango никогаш не разочарува! Комбинезонов неможам да опишам колку ме изненади со изработката, квалитетот и како модел како стои на тело. Ако нешто во животот ме радува кога купувам тексас тоа е кога ќе видам да е крут и дебел тексас кој потсеќа на Levi's. Во споредба со Zara морам да признаам дека Mango имаат многу поквалитетна облека и на изглед и во материјали.
Криво ми е за купаќиве преубави се, а тука изгледаат многу грдо. Еве дел да ви доловам барем малце колку се убави, без разлика дали ми стојат мене хахаха.