Јакната ја земав од Мега фешн кај Сити Мол по цена од 1.500 ден. Го имаше само овој модел во две величини, xs и s.
Олабави малце жено! Не значи дека сите се заостанати и дека СИТЕ добиваат удар по СЕКОЕ трошење пари. Има и зависни луѓе од шопинг, што вклучува и купување непотребни работи, поскапи работи од тоа колку може да си дозволат и сл.,луѓе со различни приоритети при трошењето на семејниот буџет-едниот може е за да отидат на патување или реновирање, да заштедат за што и да е, а другиот за шопинг, па кој ќе победи и милион други причини зошто би криеле до следната плата дека потрошиле повеќе пари. Нема потреба од напади и осуди. Да се разбереме, не викам дека членките погоре што се изјаснија се зависни од шопинг, а и да се-не е мое да им судам или да ги оправдувам, сакам само да кажам дека никогаш не можеме да ја знаеме позадината за некои работи а и нема потреба. Поздрав.
Ако е нешто заедничко, нема ништо победно од тоа ти скришно да црпкаш од касичката додека другиот ја пуни. Од друга страна штом трошам моја плата нема што да кријам од некого зошто сум ја потрошила.
Се согласувам, затоа го коментирам делот кој се однесува на "заостанати" и "секое трошење пари". Поентата ми беше дека нема потреба од генерализирање на сите мажи бидејќи ниту сите мажи се исти ниту сите сме исти трошкаџии... особено не во темава која не е наменета за совети, решавање на брачни и семејни проблеми, осуди, и сл.
Тоа е блуза со долги ракави. Ја земав од маркетот Супер кит го по цена од само 99 ден. Имаше избор на величини и сите се со различни бои и материјал на ракавите.