Скоро сѐ е од Shein, освен некои ствари што се од Bershka. Инаку, пижамите ги купив за дечко ми, машки се.
До кога е попустот да не знаеш случајно, гледам скоро сите пудри се на попуст? Или само викендов беше?
Како си задоволна од материјалот на пижамите од Shein? Многу добар избор имаат, ама се двоумев да си нарачам. А и како се бројчињата? Точни се или треба нешто помало/поголемо? Со здравје да си носите се.
Фала ти! Искрено не очекувај премногу, после неколку перења бојата бледнее и материјалот некако се растегнува. Не е скапо, но не очекувај ништо повеќе. Бројките зависи, ама најчесто се true to size.