Сакам да си ги правам ноктите во различни бои па си купив 5 лака. Горе во еден маркет ги има по 37 денари секој. Вакви се како на сликава, само синиот е потемен.
Бев во ДМ и невозможно е да излезеш таму без некакви ситници! Си купив малечко дезодорансче, мини крема за нокти, млеко за сончање, крема со цинк и невен за петици, млеко за тело со мирис на торта/шлаг и ми доаѓа да го изедам!
Си купив јадранки бели кои се многууу меки како да одиш на песок потоа си купив фустанче-портокалово ташњиче-бело и шалвари-црни. Со мајка ми бевме по потрага за сандали(за неа) а вака завршивме. П.С-таа си купи само јадранки
Сладолед,спреј за тело со мед и млеко и лубеница од авон,лак за нокти од авон безбоен против кршливост...