@macka91 како си задоволна од кремата на моса со оглед на тоа што има покривност Јас еднаш со нарачка од белина земав тестер ама некако многу мрсна ми се виде светев целата Дали ја користиш секој ден ? Имам лице склоно на акни па незнам дали да ја земам да пробам
Не е мрсна, хидратантна е, и нема матирачки ефект. Мене лично многу ми се допаѓа каков сјај ми дава, за хидратација да не зборам колку е добра. Имам комбинирана кожа, не ми свети челото како масно, туку има баш здрав сјај, и убаво изедначува тен. Е сега не знам како е кај проблематична кожа, јас немам акни.
Јас сум презадоволна, потрошив до сега две и сега пак си го земам. Секој ден ја користам преку ден затоа што е со спф. Поголемиот дел од времето не ни користам пудра, затоа што ми се допаѓа каков сјај и дава на кожата. @buba4e89 од yeppeuda во East Gate. Чистач за шминка е. До сега розевиот го користев и презадоволна сум, многу лесно ја вади шминката.Жолтиов првпат ќе го пробам.