Знам дека користиш квалитетна козметика те имам запамтено. Ме интересира конкретно за кремава што прави? Јас немам темни кругови, ама имам онакви како вдлабнатинки, поточно како линија она што го викаат солзна бразда (tear trough). Знам дека тоа се решава со хијалуронски филер ама тоа ми изгледа страшно болно, па сакам некоја крема што ќе ми направи разлика. Во споредба со онаа на клиник, all about eyes, како ти се чини?
@simoncelicius Ако мислиш за тенките линии , и јас ги имам , но џабе е со креми ништо не можеш да решиш освен да го хидратираш тој предел да не се појавуваат др линии.. Кремава ми се допаѓа што дава хидратација , ја ставам во ист ранг со таа на Др.Конопка На Clinique ги имам пробано и двете во тегличка што се, таа што е лајт верзија, не ми се допадна воопшто, леплива ми беше и ни х од хидратација. Другата rich е подобра што се однесува на хидратација но толку пари не би дала веќе. Овие креми се мн подобри од тие на Клиник
Не, не мислев на тенки линии или брчки. Немам ништо од тоа. Мене генерално за хидратација секоја крема ми била океј. Ама никако таа солзна бразда да ја замаскирам или да ја "поправам". Колку што истражував само хијалуронска инекција би помогнала за тоа. Инаку оваа на клиник мислам дека најфалена им беше, затоа си ја ставив така на wish листа. Сега на попуст е месецов околи 2000 и нешто. Ја има и rich варијантата и ноќната по иста цена па се мислев која
Разбрав , но и тоа не се оправа со крема. За хидратација тие што ти ги спомнав се супер од Конопка и Биоме, од Clinique , all about eyes rich. Ама претеруваат со цените во Мк да бидам искрена..