Забележав дека не си купувала во МК. Но ако беше од новата сезона/колекција можби и ќе ја најдев по продавници. Фала и со здравје да се носи.
Ич не сум задоволна. Денес го пробав првпат. На почеток е добар, ги влажни усните, но после се впива и исто ко ништо да не сум ставила. Не го препорачувам
Сите препораки за оваа ББ крема. Најдобра од сите досега што ги имам испробано. По вторпат ја купувам и во иднина не планирам да ја менувам. Супер се изедначува со тенот и ми стои супер сигурно 8 часа. Лицето не ми светнува што ми се случувало со пудри. Има супер покривност како за ББ крема. Единствен недостаток може да е тоа што само две нијанси се, а јас ја користам посветлата и за нијанса е потемна од мојот тен, ама на фотографии супер ми изгледа. Составот мислам дека е ок, со оглед дека е декларирана како органска козметика. Од оваа линија ги имам и мицеларната, дневната и ноќната крема. @Biodevojka би ја замолила за мислење.