Пишува да се навлажни, и ми имаат кажувано дека не се само за една употреба (ако ги користиш за патики). Едвај чекам да ги пробам
Со вода се користат. Едно сунѓерче е е за една употреба, но се троши, како го користиш, така се намалува. Додека го имаш користи го. При користење упорно потопувај го во вода, односно тргај ја прљавштината.
Дали тоников кога ќе го намачкаш ти прави црвенило на кожата? Го пробав на лице како изгорена од сонце ме направи...
@MissChievous А дали си ги пробала ваквите сунѓерчиња од Стокомак па да направиш споредба? Зошто и нив нешто ми ги фалеа ама јас не бев нешто задоволна.
Јас ги купив тие од Стокомак и не се баш нешто нај нај, чистат ама така така, јас го купив од Фармаси сунгерчето исто се користи само со вода ама затоа цела куќа ја изгланцав (нормално не со едно) мене ми е многу добро тоа од Фармаси за фуги, некогаш го сечам на помали делови и светат фугите, исто се користи за ѓон на патики, рамки на врати прозори и врати (ако има жолти флеки од лепенките и тоа го вади) а највеќе го користам за мрснотии односно за рерната само во млака вода го потопувам и чистам ❤❤❤ Овие на ДМ ги немам пробано, следен пат и нив ќе ги пробам ❤❤