Па остава убав финиш, помазна е малку кожата и како помалку да ми се исфрла лицето таму. Но, ако сакаш да го истестираш, прво среди си ја иритацијата (мене алое гел ми помогна), па пробај на т-зона, никако околу очи или образи. Јас го ставам сабајле само, после крема и фактор ставам. Ако вечерта претходно имам ставено киселински серум, не ставам утре дента од тонерот. Се надевам ќе му најдеш намена. Или пак подари го на крај на некој што има помрсна и не толку сензитивна кожа.
Што убава летна нијанса лакчето од Малена, тој ко светла плава боја што ми личи. Кое бројче е и кај го најде? Барав такви светли нијанси и никако не си најдов од Малена, се потемни наоѓам само...
Сеуште го немам пробано. Досега од Балеа дезодоранси го имам користено само тој од орхидеја кој мене лично ми се погоди, ама овојпат го немаше.
Пиши кога ќе го пробаш Од Балеа имам пробано млеко за тело и ич не ми се погоди, и од тогаш по малку скептик за Балеа
Го пробав на бели патики, за ѓонот го бидува, само многу се троши кога го користам буквално се рони, така треба?
Лабелото како е? Поодамна имав на Балеа не памтам што боја беше ама не ми се погоди, ти го проба и кое би го препорачала?
Па да ти кажам не е лошо, но има и подобро. Јас имам рани на уста, што сама што си правам, што сама распукува кожата, па зимам вака што видам. Росал на пример ми се подобри