Јас го користев гелот топ ми беше. Не знам колку количински ставате,мене ми траеше една година скоро.
Ма не се работи за количината или за тоа колку долго трае. Туку дека премногу ја исушува кожата, прејак ми беше
Мене од толку што ми го сушеше лицето по некој час лачеше себум и беше ко зејтин да сум мачкала. На почеток ми се гледаше ок, ама потоа кога го прекинав видов дека е од него.
Знам дека не кажа за количината туку сакам да ти кажам дека јас ставав многу малку од него и дека можеби е до тоа колку ставате. Ете и на друга членка не и одговарал,кај секого различно.
Потполно истото и кај мене. Мислам дека од тогаш си го зезнав лицето и уште повеќе ми се масти. Што ти помогна? Пробував и со ниацинамид и со хијалуронска и со свашта и нема подобрување
Прв пат го зедов Биодерма гелот, добар е не ја суши кожата. Претходно користев продукти за миење на лице, и имав чувство дека не ми е домиено лицето. Пудрата е топ. Ја користам со години, само нијанси си менувам. Секаде ја има, цена точно не паметам, знам дека не е повеќе од 500 денари. 460-480 тука некаде беше.
У позадина се парфем, парфемизиран лосион како парфемот, и мало парфемче. Eve Confidence од Авон. Лосион за тело од какао, беше на акција. Немам други слики, ова што ја сликав за пријателка нијансата на карминот, исто Авон.
Нијацинамидот мене катастрофа ми ја правеше кожата. Два пати шанса му дадов, исто, што акни што мрснотија. Само некој нежен гел, пена да користиш, јас избегнувам гелови и лосиони што пишуваат дека се наменети за мрсна кожа
Мене ништо посебно не ми прави. Као демек ќе ми ја држи маснотијата под контрола ама никаков ефект не видов. Хијалуронот ми го прави лицето преубаво, како третман да сум правела. секогаш кога го имам од вечер ставено, утрето добивам коментари дека сум разубавена Инаку со послабите гелчиња имам чувство дека кожата не ми е убаво исчистена, розевата Балеа пена беше супер ама не ми е доволна за после 12 саати смена кога ќе си дојдам да го осетам бас исчистено. Еуцерин dermo pure сега за сега ми е одличен. До кога не знам. @Mazegin а каква кожа имаш? Добра е за мрсна кожа? Светнуваш? колку ти издржува?