Не те сваќам баш што ме прашуваш.. Јас пазарев вака, бирав 4ри производи со слична/иста цена и едниот ми беше за 1денар, најевтиниот од нив. Значи девојчето ми куцаше повеќе сметки, за да на пример не ми искочи само најевтините да бидат 1денар.. Е сега онлајн е зезнато ради доставата..
Извини многу конфузно го составив прашањето. Е баш тоа те прашував, како доби три производи кои биле од по еден денар. Мене онлајн само еден производ ми го покажува со цена од еден денар, иако имам повеќе производи во кошничка.
Треба повеќе да имаш ако се со регулар цена, односно ако имаш 8производи треба два да ти се со 1денар. А се што веќе е на попуст не влага во понудата.
Мене воопшто не ми се трајни, т.е само од smart имам и се вади за брзо, од голден роуз потрајни ми се
Како бе? Имам и од оние ко сјај што се , на работа не ми мрда, пијам кафе,вода нонстоп, маска. Од овие синоќа се нашлакав и нејќат не се бришат еве уште ми стои Да не си земала од оние полајт што се како лабело?
Еве овие ги имам, не знам навистина, јас не очекував да траат многу заради цената, ама ова ептен брзо ми се извади а не носев ни маска, бевме до зоо, и ај една фотка со синко гледам кармин нема
Овие се тие полајт. И јас земав еден вчера таков, еве сабајле се нашлакав , дури и го снемува таков е пренежен. Пробај од другите ќе видиш