Бекутан влажни марамици Бекутан средство за капење Витамин Ц, Б-комплекс, Плантагин, Пастили од Ехинацеа, Капсули, Лине-спор феме добра сума оставив во аптека
Крем и кафеави кратки панталони, купаќ дводелен, црно син, засрамувачки огромен е горниот дел , турпија, неколку лакчиња, мастики Хаваи со луд пецкаво лут вкус, крем за сончање, ацетон и тупфери за вадење шминка.
Блуза со гол грб, путер за тело балеа со мирис на кокос, панталони,две кошули, два пара фармерки, две маички, три пара сандали,балетанки,две ташни,долг фустан, купачи. Пакост!Врвна! Сега совест ми е... ама заштеда бе,моја,убава,мешлеста! Ама ете... татко ми ме зеза, ти признај у вечери и кафиња ги сметаш парите сега! Епа не е далеку од вистината! Цело лето ќе мезев по скопските меани,ама па тогаш немаше да имам што да облечам!
И јас дигам две прстиња...попусти не се за мене! А можда и се. Барем немам толкава грижа на совест. 1 тиркизна огромна чанта, 1 ленена платнена чанта, една плик ташна, штиклици, фустан и уште еден фустан, сукња, па уште една сукња, и пап уште една, значи 3, едно такво ко огртач не знам ни да го дефинирам али е фраерско и кошташе самотолку симнато од богзнаеколку па ај не го купуј - те ја дека е есента (стварно сум ко мајка ми колку што сум постара), едно корално јакнуле за во лето кое не би можела никако да го дефинирам, кошула специјално за на девојачко која не ја искористив ама ќе се најде де , наочари, нов вентилатор и нов фен за коса. Ау, уште една ташна добив гратис од Страдивариус , таман за на плажа. Двајца дечки можам у неа комотно да сокријам сосе сурф
Балетанки за мене, сталажа за во вц, 2бодиња, 2пара ракавички, 2 пара чорапчиња и 1 лигавче за бебушката
2 розеви тегчиња од 2кг. Доста импровизирав со флаши, тегли... Книга за одмор - нешто ептен чик Куп козметика за на одмор - купки, креми за сончање, за после сончање... И ова фустанче на попуст