Од една чинам понова продавница за облека и додатоци која се наоѓа на влезот во ГТЦ, кај Соравија некако би му дошла, спроти Рубин. Не ми текнува како се викаше. Фустанот е од Боди Лајн спроти Градежен. Сенкиве уште не ги пробав ама на рака многу ми се допаднаа нијансите. Ми личат и како доста пигментирани, за 220 денари би требало да се супер.
Околу 750 денари. Презадоволна сум од целава колекција за сува кожа, многу ми помага за хидратација. Да не зборам колку убаво мирисаат и колку е нежна и мека кожата после подолго користење.