Не е чанта која собира многу, само нај потребното. Наместо паричник јас со ваков тип на чанти најчесто носам од оние тенките кард холдери за да не ми фаќа место. Плус собира клучеви, телефон и ситници од типот на мастики/лабело. Иста е кога е наполнета, цврста е. Само работата е да не се преполни за да не се деформира во профил.
Зошто да нема друго чаре? Секогаш има. Има неколку групи на фб каде што се врши размена на книги или доколку не сакаш да земеш стара книга од некој друг можеш и да ги подариш само твоите. Исто така можеш да донираш книги во Проект Среќа (https://www.facebook.com/proektsreka/) , а они потоа прават лицитација на фб и ги продаваат по ниски цени и парите се користат за донации за семејства на кои им се потребни... И многу други начини да донираш постојат, па дури и да ги продадеш што е многу подобро од складирање во шпаиз....
Мен Мене книгите ми се мало богатство, имам наследени од родителите и јас купувам многу често. Не би сакала да давам книги, сакам и јас еден ден да ги оставам на моите деца. Имам и ретки примероци кои сега и да сакаш да ги најдеш, ги нема. Затоа и реков нема друго чаре за тој што милува да чита, брзо се полнат рафтови.