Дали си задоволна од активниот лосион и мицеларната вода? За каков тип на кожа се? И дали мицеларната вода ја суши кожата? Јас користев на Нивеа пред некое време и ми ја исуши кожата. И дали може да ми кажеш цена? Фала ти
Лосионот ми е препишан од дерматолог и го клавам само на местото на акните мене ми е супер одамна немам големи мозолки со гној и сл. 750 денари го има во Зегин. Мицеларната ми е супер пошто е на природна база, ја има во ДМ мислам ама не сум сигурна 315 денари, не сум осетила да ми ја исуши, карактеристично и мрсно лице имам јас едвај го средив. Сепак ќе ти препорачам за лосионот да се консултираш со дерматолог, не на своја рака.
Не сум го пробала сеуште како што треба, мирисот ми се допаѓа инаку. Не би знаела за масна коса, дава многу убав волумен, ако нешто ти значи.
Од Турција е бутиков, ги подигнав кога бев таму. За Мк не знам баш, претпоставувам праќаат по некое карго кое носи пратки од Тр до Мк. Ице карго пример