@Cosmi не знам што е али акспрес немам отворано таму но имам читано дека не било квалитетно, за разлика од ова шеин е океј, алиштата се им ко њу јоркер бершка, нема разлика. Порачувам година дена, доста имам порачано за да кажам дека се океј, многу е добро што има премногу рецензии па да така врз однос на нив можеш да заклучиш дали да купиш одредено нешто или не башка има слики… па ќе видиш убаво ли е не ли е… на тој начин се собираат поени и се вадат по 25 евра за на пример испазарено 100 евра, единствено нешто е што ако носиш с на пример порачуваш хс јас така правам. Мерките треба да ги гледаш во рецензии и да се измериш. Јас од искуство зборувам бидејки конкретно овде пазаруваат многу многу од шеин. Едно е да мислиш друго е кога ќе пазареш. еве…. @Kasiopaja221 мислам дека и ти ме прашуваше за слики едвај ги најдов.
@vitamina ради тебе вртев во темана едно 500 страни наназад некои слики најдов.... сакаш да кажиш дека се ова ти е од Шрјн купено? Ај баш да видам што страница е таа и дал има достава дотука.... Инаку преубаво се ти стои
Да, на првата слика фустанчето жолто од венеција ми е од шеин, исто и белото од милано е од шеин. И панталоните и маичката. Од втората слика розовите панталони ми се од шеин материјалот и е преквалитетен и ми се најомилени, бодите црно со шари ми е посебна љубов многу убаво стои од шеин ми е исто, и фистанчето и блузата и кожните. лани лето бев скептик при прво порачување ама гледав рецензии и слики од ставени парчиња од дома од клиенти и кога ги донесоа се изненадив. Имам многу облека искрено ама ете пусто време да ти сликам, еден шарен фустан шо имам долг да видиш да се чудиш, морам да ставам слико од истиот наредни денови ама да го испеглам прво. Ќе ставам, извини што чекаше. затоа велам зборувам од искуство не од што мислам јас дека е нешто така или овака. ако порачуваш гледај под алиштата рецензии обавезно и слики и кликни подоле што пишува да ги гледаш остнатите и ќе си видиш, имаш поени и купони да така солидно испаѓа еден пазар од шеин, го носат за од прилика 10 дена. Ќе сакаш да споделиш што си купувала??
Шеин е кинеска фирма и има официјална продавница на Алиекспрес. Имам и јас нарачано некаде пред 4-5 години мислам,кошула и фустан.Како што пишав нешто беше океј нешто за еднократна употреба,кошулата беше добра зошто барав памук,фустанот не беше воопшто квалитетен.