Мислам не грешам, ти го купи спрејот со светки? Мрсен е? Леплив? Сакам да се прскам ама се обидувам да најдам причина зошто да не го купам
Од Балеа новиот? Се извинувам што се вмешувам, ама ништо посебно не е. Ниту мириса убаво, ниту хидрира, ниту пак се светките нешто посебно, неприметлив е тоталка. Мое искуство ова.
Што се извинуваш божем којзнае каков муабет правиме. Тој е мислам. Бубаче го имаше чинам постирано пред некој ден. Личеше мн убаво, ама ко што ми е жешко не сакам нешто лепливо да прскам на мене. Плус што сум стара да се шетам со светки
За лепливо не е лепливо, ама кога ќе се засуши тук-таму по некоја точка непримерна светка. Стара не си за светки, ма да во случајов пре би ги купила тие на Севнтин, ем суптилни светки, ем убав мирис и барем малце похидратантни се од ова.
Може ли слика од тие? Од Балеа секако не очекував нешто повеќе затоа што секое лето е истото со спрејчињава.