Мене ми излегоа некои акни на раце затоа што користам крема за сончање секој ден и ова ми многу помогна околу тоа. Исто обавезно го користам пред бричење под пазуви и нозе, исто го омекнува влакното и спречува поткожни влакна. Можеш да го пробаш.
Било кој од Organic Shop, според мене тие се најдобри. Дали конкретно овој го имаш користено? Бидејќи и мене другите пилинзи од истава марка ми се погодени, но овој конкретно ич не ми врши работа и грдо мириса.
За поткожни влакна само епилација е трајно решение, сега гледам има евтини понуди за трајна депилација за разлика од пред некоја година а овие пилинзи ги имам користено многу малку помагаат.
Овој конкретно не, ама од истава марка пилингот со манго и чиа, со мача и чиа, и личи бабл гам (најубаво ми мирисаше). Не знам за мирисот, ама мислам дека горе долу сите ја вршат истата работа, а мене лично тоа ми е побитно. Мрсно остава во смисла не мора да мачкаш лосион после бањање, кожата е мека и свиленкаста.
Да, но овој е со овесни снегулки внатре и тие се доста крупни и прават како грутки големи кои не можеш да ги размачкаш на нозе туку директно паѓаат долу. Мене тоа ми е проблемот со овој конкретен пилинг, па и да не мириса убаво ако си ја врши работата не би ми било проблем. Ако го купиш некогаш баш пиши дали и ти ќе имаш ваков впечаток.
Ни достава вршат ни ништо, со чанте одат во комплет, на моето немаше го загинале, а последно беше. Еве и овде го имаше, вршат достава, 800 денари. https://www.facebook.com/minaprilep/ И на АлиЕкспрес го најдов, ама е 1200 денари.
@KiT часовникот е од Нептун, 1700ден., имаат некој попуст, види си. https://www.neptun.mk/categories/SMART_CASOVNICI/MOYE-Kronos-II-B8-White